Каков е рускиот војник?: Протече таен американски прирачник за војна против Русија

Robert King/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
„Прирачникот за водење модерна војна против Русија“ е составен во декември 2016, а оваа 2019 година прирачникот се најде на интернет, пишува изданието „Национален интерес“.

Протече таен прирачник на војската на САД во кој се содржат совети како да се победи Русија во хибридна војна, јавуваат американските медиуми. 

Брошурата има 68 страници со текст и илустрации. Во неа пишува дека Русија наводно го копира американскиот начин на водење војна со помош на пилотирани и беспилотни системи за откривање на позициите на непријателот.

Исто така, во неа се наведува дека наместо едноставна воена операција, руската стратегија за водење војна е соборување на режимот во странска земја со помош на локалните сили. „Учеството на локалното население во војната им дава на руските воени сили легитимитет на меѓународната сцена“, го цитира американското издание овој прирачник.

Во книгата се наведени и некои слаби страни на руската армија кои американските војници наводно можат да ги искористат.

„Руските војници кои се на отслужување на задолжителниот воен рок не се доволно мотивирани (иако тоа наскоро ќе биде помалку важен проблем за Русија, бидејќи во руската армија има сѐ повеќе професионални војници). Тактичкото раководство е само формалност, логистиката е слаба, а ползата од воздушните сили и артилеријата, по правило, е квантитативна, а не квалитативна, т.е. прецизноста е ниска“, пишува во оваа брошура.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња