Како што пишува весникот „Лајпцигер Фолксцајтунг“ (Leipziger Volkszeitung), бајкерите се вратиле во родното место Лаусиг во Саксонија по тринеделно патување до Екатеринбург и назад. Поминале 11000 километри и велат дека Русија е многу гостољубива земја.
„Во секој случај, не се потврдија предрасудите кои се вообичаени во Германија. Секаде каде што ќе отидовме бевме примени со воодушевување “, ги пренесува RT зборовите на Рене, учесник во патувањето.
Патниците раскажаа како пристигнале во Москва и го посетиле Црвениот плоштад, каде што се сретнале со „Ноќните волци“.
„Топло нè поздравија и ни обезбедија преведувач. Александар Залдостанов наречен Хирург лично ни организираше екскурзија на полигон. Вечерта ја поминавме со „Ноќните волци“, а наутро по појадокот тргнавме на пат“, вели Филип, водачот на германските моторџии.
Тој рече дека до Екатеринбург стигнале без дефекти и задржувања, а патем Русите ги дочекувале „германските бајкери како да се рајски птици“.
„Заљубен сум во Русија“, признава Рене, а Филип додава: „Ова сигурно не беше нашето последно патување во таа прекрасна земја“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче