На сајтот на руското Министерство за одбрана отворена интерактивна секција „Мисијата во Сирија“

Reuters

На официјалниот сајт на Министерството за одбрана на РФ е отворена специјална интерактивна секција „Мисијата во Сирија“ посветена на делувањето на Вооружените сили на Русија во борбата против меѓународниот тероризам и воспоставувањето мирен живот во Сириската Арапска Република.

Секцијата се состои тематски рубрики кои зборуваат за борбените активности на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација во прецизното уништување на терористички објекти и за работата на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни и контрола на движењето на бегалците.

Во склоп на сегментот посветен на активностите на Центарот за помирување се наоѓаат мапи со хуманитарната состојба, информации за спроведени акции, давање помош на Сиријците во обновата на објектите на социјалната инфраструктура, а постои и можност за онлајн следење на преносите на камерите поставени на контролните пунктови за бегалци. Информациите за нарушувања на прекинот на огнот од страна на терористите ќе бидат дадени во формат на инфографика.

Сите рубрики во новата секција ќе бидат постојано ажурирани, додека материјалите ќе бидат достапни во современи интерактивни формати со широка употреба на фотографии и видео материјали, инфографици и онлајн сервис, се вели во соопштението на рускиот воен ресор.

Во специјална секција ќе се објавуваат изјави и брифинзи од претставници на Министерството за одбрана на РФ, информативни билтени и други информации.

Се очекува дека секцијата ќе придонесе за „поефикасна борба против ширењето лажни вести и сѐ позачестените обиди за фалсификување на информациите за активностите на Вооружените сили на Русија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња