Скриншот
kremlin.ruИнтервјуто кое од претседателот на Русија Владимир Путин во 2018 година го доби новинарот на „Фокс њуз“ Крис Велс е номинирано за наградата „Еми“ во категоријата документарни и информативни емисии. Списокот со номинирани беше објавен оваа недела на сајтот на Националната академија за телевизиски науки и уметност, која ја доделува оваа награда.
Во категоријата за најдобро интервју без монтажа се номинирани и емисиите на Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и Еј-би-си ТВ. Меѓу другото, се работи за разговори на новинари со директорот на Националната разузнавачка служба на САД Даниел Коутс, со архиепископот на Њујорк кардиналот Тимоти Долан, како и со претставниците на Националното здружение на САД за оружје по престрелката во училиштето во градот Паркленд (државата Флорида), која во февруари 2018 година ги однесе животите на 17 лица.
На сајтот на „Фокс Њуз“ се наведува дека тоа е прва номинација на овој канала за телевизиска награда „Еми“ во категоријата документарни и информативни емисии.
Победниците ќе бидат прогласени на 24 септември во Њујорк. Меѓу номинираните во другите категории се наоѓа серијата репортажи на новинарите на Ем-ес-ен-бе од Русија, како и филмот за наводното мешање на Русија во американските избори, објавен на сајтот на весникот „Њујорк Тајмс“.
Како што претходно објавен каналот „Фокс њуз“, Волес го интервјуираше Путин во јули 2018 година во руската амбасада во Хелсинки по состанокот на рускиот шеф на државата со претседателот на САД Доналд Трамп. Рускиот лидер, меѓу другото, одговараше на прашањата на Волес за Крим, проширувањето на НАТО, Спогодбата за ликвидација на ракетите со среден и мал дострел, гаранциите на безбедноста на Северна Кореја, обидите на Западот да ја изолира Русија и наводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година. Според податоците на „Нилсен“, интервјуто во САД го гледале 3,2 милиони луѓе.
Постојат неколку видови на телевизиската награда „Еми“. Освен најпознатата што се доделува за емисии емитувани во ударен термин, постојат и награди за спортски емисии, како и регионална и меѓународна награда „Еми“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче