Во Русија дозволен лов со лак и стрела

TheDigitalWay/ Pixabay
Досега руското законодавство забрануваше употреба на лак и стрели во лов, а ова оружје можеше да се користи само на натпревари.

Руската Дума го усвои предлог-законот со кој во Русија се дозволува лов со лак и стрела, објави Агенцијата за градски вести „Москва“. Со законскиот новитет лакот се издвојува како посебен тип на ловечко оружје: стрелечко-фрлачко оружје.

Неговото користење бара посебна физичка вештина и извежбаност на ловците.

Руските граѓани ќе можат да набавуваат лакови ако имаат ловечка книшка и дозвола за чување и носење ловечко оружје. Исто така, пропишан е рок од две недели од набавката на оружјето за негово регистрирање во Руската национална гарда „Росгвардија“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња