Американски медиуми во својата анализа „судрија“ два ловца – руски МиГ-35 и американски Ф-35

Борис Кислов
На Интернет се појави споредба на рускиот ловец од генерацијата 4++ МиГ-35, кој според своите карактеристики максимално е приближен до леталата од 5 генерација, и американскиот ловец-бомбардер Ф-35. Ви ги преставуваме резултатите на анализата-споредба меѓу рускиот ловец и „Американецот“.

Како што пренесува американскиот Интернет-портал Милитари воч МиГ-35 е развиен како лесна и евтина алтернатива на тешкиот ловец од петтата генерација Су-57. „МиГ-35 има низа предности кои му овозможуваат и понатаму да ги држи високи своите позиции“, наведува авторот во својата публикација која ја пренесува Интернет-порталот Марсонлајн.

МиГ-35 користи употреблива технологија од следната генерација, мотори со управувачки вектор на потисок, силна електроника и современо вооружување за удар по широк спектар цели. Тој има доста високо ниво на потенцијал за воздухопловните операции да воспостават воздушна доминација во определен простор. Исто така може да се заклучи дека концепцијата на овој авион ги има надминато традиционалните недостатоци кога станува збор за летало од лесна и од средна категорија. На пример, МиГ-35 има подобрени параметри кога станува збор за плафонот на летот, оперативен долет, носивост на борбен товар, или, пак, ситуациска свесност на леталото.

Радарот кој е интегриран на овој авион поседува висок степен ситуациска свесност. Покрај тоа, МиГ-35 е борбено оперативен на височина кој е само 5% поголема од базичните варијанти на авионот МиГ-29. Ваквите карактеристики на повеќенаменскиот ловец МиГ-35 овозможуваат длабок простор во непријателската заднина.

„Главната предност на ловечкиот авион МиГ-35 се состои од мошне поволна синергија на неговите летно-технички перформанси, со класични карактеристики на ловец од средна категорија, а тоа се ниски трошоци за експлоатација и обука, висока брзина на летот и едноставност за време на техничкото опслужување, а исто така и способност за употреба на кратки полетно-слетни патеки од некомплетни авиони во близина на првата линија на фронтот“, пренесува Милитари воч.

Кога станува збор за трошоците за техничко одржување на леталото и неговата експлоатација, МиГ-35 спаѓа во авионите кои според овие параметри се најефикасни на светот. Доколку ловечките апарати од петтата генерација, како што се американските Ф-35 и Ф-32 бараат многу повеќе издвојувања за нивното техничко одржување, тоа во случајот на МиГ-35 е обратно. Имено, авторот на овој текст смета дека овој авион е поевтин за одржување од неговиот претходник МиГ-29.

Американскиот автор исто така забележува дека Ф-35 во компарација со МиГ-35 има пониски аеронавигациски карактеристики. Брзината на „Американецот“ е ограничена на 1.6 маха, додека истовремено МиГ-35 според овој параметар е еднаков со Ф-22 Раптор и Су-35. Според тоа, авионот Ф-35 според своите маневарски способности се наоѓа на исто ниво, или е нешто малку подобар, во однос на ловците од четвртата генерација. Кога зборуваме за авионот МиГ-35 станува збор за летало со исклучителна маневрабилност која може да се спореди со „кралот“ на блиската воздушна борба, ловецот од генерацијата 4++ Су-35. Ваквите карактеристики му овозможуваат на МиГ-35 да избегне ракети од класата воздух-воздух со голем дострел, што не може да се каже за Ф-35.

И според арсеналот на борбениот товар ловецот МиГ-35 го надминува Ф-35. Тој може да понесе повеќе вооружување и кога станува збор за тони, но и за количеството поединечни бомби и ракети. Според определени извори, рускиот ловец може да носи и до 10 ракети на своите носачи, а притоа минимално да изгуби од своите маневарски можности. Понатаму, рускиот ловец во своето вооружување има ракети со дострел и до 130 километри, додека американскиот ловец Ф-35 може да ги напаѓа своите цели на оддалеченост од 105 километри. Ваквата тенденција ќе продолжи кај авионите од петтата генерација зашто е очигледно дека Русите во ракетното вооружување од класата воздух-воздух имаат постигнато значаен напредок. Имено руската ракета со голем дострел К-77, која според американскиот автор може да погоди цел на оддалеченост од 193 километри, поседува специјален систем за наведување кој практично е невозможно да се избегне иако се лансира од екстремно голема оддалеченост. Американскиот аналог на оваа ракета АИМ-120Д може да оствари ефикасен дострел до 180 километри, а притоа нема слична технологија на наведување како руската ракета К-77.

Местото каде американскиот ловец Ф-35 има сериозна предност во однос на МиГ-35 е невидливоста, која во определени мисии може да даде предност, но не во сите. Покрај тоа американскиот авион и понатаму се третира како недоработен и несигурен авион кој многу тешко се доведува до нивото на целосна борбена подготвеност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња