Американската хеви-метал група „Металика“ го изведе на концертот во Москва хитот на култниот руски музичар Виктор Цој „Група крови“ на руски јазик здушно придружувана од публиката на преполнетиот стадион „Лужники“.
Воодушевената публика објави видеоснимки на своите профили на социјалните мрежи од кои се гледа како со „Металика“ пее целиот стадион.
„Беше феноменално. Големо благодарам за Цој, тој е секогаш во нашите срца, како и вие“, пишуваат Русите на официјалниот инстаграм-профил на „Металика“.
„Најдобри сте. Фала за концертот, особено благодарение „Крвна група!“.
„Фала за песната на руски јазик!“.
„Фала за Цој. Сè уште не можам да си дојдам при себе!“.
Последната објава на профилот на музичарите на која се наоѓа руското знаме и членовите на групата, прикажани како бабушки, има речиси илјада коментари. Првенствено се заблагодарувања за вчерашниот концерт во Москва за кој сите билети беа распродадени.
Инаку, од овој лист басистот од групата Роберт Трухиљо учеше да ги изговара руските зборови.
Вот так выглядел текст «Группы крови» для басиста Metallica Роберта Трухильо. Вчера они исполнили ее во время концерта в «Лужниках». pic.twitter.com/MHVENpIe5c
— Рамблер/ (@ramblerru) July 22, 2019
Ова беше петтиот настап на популарната американска група основана 1981 година. Последниот пат, во 2015 година, на концертите по повод објавувањето на албумот Death Magnetic, како дел од турнејата World Magnetic Tour, настапија во Москва и Санкт Петербург.
Песната „Крвна група“, напишана од Виктор Цој, се појави на истоимениот албум на групата „Кино“ 1988 година. Првпат беше изведена на 3 јуни 1987 година на Петтиот фестивал на ленинградскиот рок клуб.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче