Русин на фасадата на трикатница изгради скалила што „не водат никаде”

Самарскиот уметник Арсениј „Вредитељ Ли?“ објави на својот инстаграм-профил нов перформанс. На надворешниот ѕид на една напуштена трикатница направи скалила што не водат никаде и пред нив седна во инвалидска количка. 

Уметникот истакна дека 8,5% руски граѓани, односно 12,5 милиони луѓе, имаат некаков инвалидитет. Според него, овие луѓе ретко можат да се видат на улиците поради лошото уредување на градот.

„Скалилата се само првата пречка меѓу оние кои во градот постојат како лица со инвалидитет. Нашата околина крие многу опасности: преголеми наклони на рампите, лош квалитет на материјалот, дупки на асфалтот, подземни премини и др. На ваквите проблеми обично никој не обрнува внимание додека тоа не почне директно да влијае на вашиот живот или животот на вашето непосредно опкружување”, објаснува Арсениј.   

Тој за локација на својот перформанс искористи фасада на напуштена повеќекатница во предградието на Самара. Арсениј и претходно изведуваше свои перформанси на оваа зграда. На пример, таму го направи типичниот руски квадратен метар за да ги прикаже луѓето кои „купуваат станови во мравјалникот“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња