Русија отвора еден од најголемите забавни паркови во Европа

Press Photo
Се очекува московскиот „Дизниленд“ да доведе до голем пораст на бројот на туристи кои го избираат рускиот главен град за своја дестинација, како и до диверзификација на профилот на градот.

Иако неговото отворање е закажано за септември, забавниот парк „Островот на соништата“, кој во моментов е во завршна фаза на изградба на југот на Москва, би можел да го зголеми туристичкиот  промет на рускиот главен град до 16%, изјави Амиран Муцоев, претседател на управниот одбор на холдингот задолжен за овој проект во текот на Урбанистичкиот форум одржан во Москва од 3 до 7 јули.

„Главен двигател на развојот на туристичките текови е забавата. Во сите големи градови постојат големи тематски паркови и на Москва ѝ беше потребен таков проект. Туристичкиот промет, благодарение на паркот, според нашите податоци, ќе се зголеми за 16 %“, изјави Муцоев, пренесува агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека ќе се промени и социјалниот состав на туристи - додека градот денес главно привлекува деловни луѓе, паркот „Островот на соништата“, наменет за сите возрасти, би требало да овозможи привлекување на семејства чиј престој ќе трае подолго. Се проценува дека паркот годишно ќе прими меѓу 4 и 6 милиони посетители.

Овој тематски парк, за чија изградба ќе бидат издвоени 1,5 милијарди долари, ќе биде најголемиот затворен рекреативен комплекс во Европа и Азија. Во него ќе има забавен парк, трговско-пешачка галерија и уреден парк. Комплексот главно ќе се фокусира на ликови од руските цртани филмови, како што се Чебурашка и крокодилот Гена, но тука ќе ги има и нивните меѓународни колеги.

Москва во 2018 година ја посетија околу 23,5 милиони туристи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња