Документот, кој беше донесен од владата уште пред 20 години, содржи список со 456 работни места, службено забранети за жени. Ажурираниот список ќе се однесува на жени чии работни услови се класифицирани како штетни и опасни според резултатите на специјалната процена. Покрај обезбедувањето на безбедни услови за работа, работодавачот има право да ја користи женската работа без ограничувања на која било работа, соопшти министерството.
По опсежниот преглед на списокот, Министерството за труд на РФ предложи укинување на забраната за жени во следните занимања:
Министерството за труд на РФ потврди за рускиот портал РБК дека за тие професии „нацртот на наредбата не воспоставува ограничувања за работа на жени“.
Критериуми за ревизија и ажурирање на списокот беа факторите опасни за репродуктивното здравје на жените кои влијаеја врз здравјето на идната генерација и имаа „долгорочни последици“, наведуваат од министерството. Во исто време, листата исклучува произволно ограничување на користењето на женска работна рака, што е гаранција на нивното право на фер услови за работа, соопшти Министерството за труд на РФ.
Во нов документ Министерството за труд на РФ одреди 21 единица на производство, работа и работно место во кои работата на жените ќе биде ограничена. Меѓу нив, на пример, голем дел се однесува на „Хемиско производство“, особено производството и употребата на жива, фосфор, хлор, јод, морфиум итн. Забраната се применува на работните места работник, стручњак и раководител, во зависност од пристапот до супстанции што се опасни за репродуктивното здравје на жените. За жените и понатаму остануваат да важат ограничувањата за работа на отворен коп, како и за работа на површина на рудник и во подземните рудници.
Во тој случај жените можат да ги преземат функциите на раководител, научни или медицински стручњаци кои не вршат физичка работа. Ограничувањата на работите што се вршат при изградба на подземни железници, тунели и подземни објекти за посебни намени остануваат непроменети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче