И од кал да е, убава да е: Уметничко дело на волгоградската песочна плажа (ФОТО)

Олег Сазонов
Посетителите на популарната плажа Бобри во Волгоград имаа можност да присуствуваат на настанокот на едно необично уметничко дело. Двајца мажи извајаа од песок заводлива дама во природна големина како се сонча до водата.

Жителот на Волгоград Руслан Темиров, кој се одмараше на плажата, рече дека бил сведок на навистина импресивниот процес на настанокот на фигурата од песок, цемент и вода.

„Двајца уметници ја вајаа девојката речиси седум часа. Своето дело го нарекоа „Еднашка се сончаше Ваља“. Фигурата најпрвин ја направија од песок, а потоа ја зацврстија со помош на цемент“, објасни Руслан.

Посетителите на плажата тој ден внимателно ја следеа работата на уметниците. Резултатот ги воодушеви сите. Девојка со витка половина и убави облини како жива лежеше на песокот, свртена на левиот бок. Деталите на фигурата се фасцинантни. Сѐ, почнувајќи од врвовите на прстите на нозете па до косата расена на песокот, изгледа многу природно. Оддалеку може да ви се стори дека пред вас е жива девојка.

Автори на скулптурата се Едуард Капуловски и Олег Сазонов. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња