Како што пренесува интернет-порталот накануне.ру, чуварите на затворот во Свердловската област успеаја да откријат и неутрализираат беспилотно летало-квадкоптер со кое е направен обид да се прошверцува телекомуникациска опрема во внатрешноста на затворот.
Квадкоптерот од исклучително непристапен правец се приближуваше до ѕидините на затворот. Штом го забележаа чуварите распоредени на набљудувачниците, веднаш го алармираа управникот на затворот. Тој им нареди на чуварите да останат прибрани и да продолжат да го следат летечкиот објект, пренесува порталот marsonline.
На видеоснимката се гледа како еден од чуварите на затворот успева да го фати беспилотното летало. Засега не е јасно како воопшто чуварите дојдоа до идеја да фатат еден ваков објект со голи раце, затоа што истиот можеше да биде употребен за носење експлозивна направа.
Исто така, нема податоци кои би откриле дали целата операција на фаќање на дронот е реализирана со помош на техничко средство. Познато е дека Росгвардија има во својот состав специјално рачно противелектронско оружје кое личи на пушка, а кое е наменето за соборување дронови.
Откако неканетиот квадкоптер беше „заробен“, веднаш беше однесен на преглед. Чуварите на затворот во присуство на управникот размотаа еден пакет во кој имаше четири мобилни телефон, три сим-картички и една micro SD картичка.
Засега не се знае кому му беше наменет овој пакет. Истрагата е во тек.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче