Едноминутниот цртан филм на московскиот дизајнер Алексеј Семјонов кој ги објавува своите работи на јутјуб-каналот Lazy Square стана вистински хит во Русија. Погледнете како изгледаат двојниците на Симпсони во руско поднебје:
Семјонов работи сам над ваквите филмови, но постои и работа во која му помага сопругата. Семејниот проект Serious About се значки и други пријатни дизајнерски дреболии. Токму поради тоа Алексеј првпат се проба во анимацијата. Вака изгледа нивната реклама за гумени секс-кукли.
Анимацијата потоа веќе стана хоби. Најпознатиот цртан пред „Симпсоните“ беше „Терминатор“.
Работата над еден филм трае околу еден и пол месец и Алексеј нема намера да го забрза, затоа што страда од неизлечива мрза, вели тој. По повод својот 30 роденден сними филм под наслов „Триесет залудно потрошени години“.
„Од детство живеам без цели, со ништо не се занимавам, ништо не сакам, потрошив два-три талента, зас..в две-три шанси, одев каде што ме носеше ветрот. А судејќи според коментарите, такви сме повеќето“, вели Алексеј Семјонов.
Тој не сака да се рекламира, не бара клиенти и го црта само она што му се допаѓа.
Семјонов сними и шеговита НАСА-реклама и претпостави со што Барак Обама можел да се занимава првиот ден на функцијата претседател на САД.
На руска тема освен „Симпсони“ постои и мала трагикомедија за животот во предградие. Среќниот сопственик на стан под хипотека зборува за предностите на таквиот живот. Во принцип, сѐ е јасно, дури и ако не разбирате руски:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче