Компјутерската игра „Мајнкрафт“, која се фокусира на изградба и истражување во практично неограничен генериран свет, неодамна наполни 10 години, а за тоа време беа продадени преку 176 милиони лиценци, што ја прави најпродавана игра на сите времиња.
Четиринаестогодишниот Владислав Занегин две години редел 2346500 блокови во „Мајнкрафт“ и направил свој град.
„Идејата да го изградам Краснодар се роди уште 2015 година, но никако не можев да почнам. Се решив дури 2017-тата. Почнав од стадионот „Кубањ“, бидејќи живеам во близина. „Мајнкрафт“ секојдневно ми одземаше околу 2 - 2,5 часа. Завршив на 1 јули 2019“, вели Владислав за порталот Југа.ру.
Момчето додава дека хобито на никој начин не влијае на неговиот успех во учењето и дека желбата му е да студира архитектура.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче