По средбата во Апостолската палата во Ватикан папата Франциск и рускиот претседател си разменија подароци. Владимир Путин доби од папата лично потпишана порака за Светскиот ден на мирот, кој се одбележува на 21 септември, медалот по повод шесте години од понтификатот на папата Франциск, посветена на стогодишнината од крајот на Првата светска војна заврши и графика со поглед на плоштадот Свети Петар од 1744 година. На медалот се наоѓа цитат од радиоговорот на папата Пие Дванаесетти на 24 август 1939 година: „Во мир ништо не се губи. Во војна може да се изгуби сè“, пренесуваат пренесуваат руските медиуми.
Путин, врачувајќи му го подарокот на папата рече дека филмот „Грев“ е одличен, а поглаварот на Римокатоличката црква нагласи дека на Путин му подарува графика од 18-от век „да не го заборави Рим“. Шефот на руската држава вети дека ќе го најде најсоодветното место за вредниот подарок.
На крајот на средбата Путин ги претстави на папата членовите на руската делегација, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација, портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за култура Владимир Медински, министерката за здравство Вероника Скворцова и амбасадорот на РФ во Ватикан Александар Авдеев. Сите членови на делегацијата добија од папата пригодни подароци. Претседателот на Русија потоа разговараше со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Ова е трет по ред состанок на папата Франциск и Владимир Путин, кои разговараа во 2013 и 2015 година. Како што беше соопштено по средбата, беа разгледани меѓународните односи, како и ситуацијата во Сирија, Украина и Венецуела.
Шефот на руската држава и папата разговараа насамо еден час. Путин допатува во Италија на разговори со претседателот Серџо Матарела и премиерот Џузепе Конте. Путин ќе учествува во форумот-дијалог на граѓанските општества.
Филмот „Грев“ на Андреј Кончаловски е посветен на генијалниот италијански сликар Микеланџело. Зборува за најпродуктивниот период од животот на сликарот кога тој ја создал скулптурата на Давид и фреските во Сикстинската капела. Филмот изворно е сниман во Италија и на италијански, иако постојат и верзии синхронизирани на руски и англиски јазик. Водечките италијански експерти за уметност помогнале со своите совети филмот да биде колку што е можно поавтентичен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче