Рускиот одговор на Мекгрегор: Шампионка со удар со нога отвори тегла краставички

Скриншот, Инстаграм на корисникот @borshev
Шампионката на светот во тајландски бокс Ирина Ларионова се вклучи во Bottle Cap Challenge и со нога отвори тегла кисели краставички.

Спортистката зеде учество во популарниот флешмоб #BottleCapChallenge во кој капачката се отвора со нога од свртување, а акцијата се забележува на забавена видеоснимка.

„Немаше никакви посебни подготовки. Работевме забрзување на тренинг. Алексеј (тренерот) предложи да го направам истото како Стејтем. Отиде во продавница и купи тегла краставички. Сите други отвараа тапи на шише. Но ние сме поинакви. Теглата не смееше да се движи. Направивме неколку дублови. Во последниот краставичките паднаа на земја“, изјави Ларионова за руските медиуми.

Таа додаде дек не сака да предизвикува некои руски спортисти. „Страв ми е да го предизвикувам Хабиб Нурмагомедов. Тоа нека го направи Мекгрегор, тој учествува во флешмобот“, рече Ларионова. Тоа веќе го направија UFC шампионот Конор Мекгрегор и актерот Џејсон Стејтем.

Видеоснимката ја објави нејзиниот тренер Алексеј Боршчев.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња