„Да почнеме од тоа дека немате крст на вас“: Путин се пошегува со британски новинар

Kremlin Pool/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин се пошегува со шефот на московската канцеларија на британскиот весник „Фајненшел Тајмс“ Хенри Фој, кој го праша рускиот лидер дали смета дека религијата е опиум за народот.

Путин одговори на прашањето одречно, додавајќи: „Чувствувам дека сте далеку од религијата, затоа што веќе е петнаесет до еден по полноќ според московско време, а вие и понатаму ме мачите. За тоа кај нас велат: немате крст на себе [руски идиом со значење: без крст или нечовечен, без совест – заб. на прев.]”, рече Путин. Текстот на интервјуто на рускиот лидер за британскиот весник во пресрет на одржувањето на самитот на Г-20 во Осака е објавен на сајтот на Кремљ.

Прашањето на новинарот за религијата уследи откако рускиот лидер потсети дека современиот свет се заснова на библиските вредности. „Дури и ако сме атести, сите ние живееме во тој свет. Можеби не размислуваме за тоа секој ден и не одиме в црква за да се удираме со челото в под, покажувајќи какви христијани, муслимани или Евреи сме, но во душата, во срцето мораме да имаме некои основни човечки правила и морални вредности”, рече шефот на руската држава.

Путин истакна дека традиционалните вредности се стабилни и поважни од современите таканаречени либерални идеи, кои се надминати.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња