Перформансот на уметникот Арсениј „Вредитель ли?“ може да се види на снимките кои тој ги објави на својот инстаграм-профил.
Според зборовите на фотографот, оваа негова работа зборува за општеството кое купува станови „во мравјалници, оптоварувајќи се себеси со хипотека кој трае половина живот “. „И зградата и тепихот се типични, како и фотографијата пред тепихот. Затоа се решивме да го прикажеме типичниот квадратен метар, но на висина и на ѕид на зграда“, напиша Арсениј.
Снимките се направени на една напуштена четирикатница во предградието на Самара. Во еден стан уметникот направи отвори во ѕид, а потоа низ нив провлече метални носачи на кои постави штици. Арсениј се качуваше и спушташе сам закачен со сигурносно јаже. Исто како оваа домаќинка која тргна да го нахрани со палачинки:
@vreditel_li
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче