Што е тоа „Нова генерација“? Се работи за единствена руска програма за млади, која од руската федерална агенција „Россотрудничество“ ја организира од 2011 година на годишна основа. Програмата има за цел создавање на услови за воспоставување на дијалог помеѓу младите професионалци во Русија и другите земји. Во текот на последните осум години, повеќе од 6000 млади од повеќе од 130 земји, научници, културни работници, личности од политичкиот живот, новинари, ја посетија и запознаа Русија.
Секој проект е составен од посебна целна група, за чија посета „Россототрудничество“ подготвува специјална програма во соработка со широк спектар партнери. Меѓу нив има и институти, како што се НИЦ „Курчатовски институт“ и Централениот аерохидродинамичен институт „Н.Е. Жуковски“, кои во 2018 година организираа школи за млади. Партнер на програмата се активни млади соработници на дипломатските претставништва во рамките на Советот на млади дипломати на Министерството за надворешни работи на Русија, како и Младинскиот парламент при Државната Дума. Во рамките на програмата „Нова генерација“, традиционално најголемо внимание се посветува на меѓународната заедница на новинарите - за учество во заеднички проекти со Russia Beyond, „Спутник“, Руската радиоакадемија; во Русија доаѓаат претставници на водечките странски медиуми.
Проектните програми по правило се состојат од образовен дел (предавања и семинари на тема со водители, врвни руски професионалци од наведеното подрачје), официјален дел (средби со руски официјални лица), како и културен дел во рамките на кој учесниците во програмата можат да се запознаат со основните знаменитости на руски градови и региони. На тој начин програмата „Нова генерација“ им овозможува на учесниците за само неколку дена да ја запознаат Русија од различни страни, како и да го почувствуваат ритамот на животот во најголемата земја на светот.
Настаните не се одржуваат само во Москва, туку и во други региони на Руската Федерација. Така, во 2019 година веќе се одржа Форумот на млади Русија-Турција, како и две работилници од проектот за млади новинари SputnikPro. Веќе во јуни учесниците во програмата ќе учествуваат во програмата Friends for Leadership во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, 5. Меѓународен хуманитарен Ливадиски форум во Јалта, 3. Меѓународен фестивал „Студентска пролет на земјите на БРИКС и ШОС“ во Ставропол, Форумот на млади културно-уметнички работници „Таврида 5.0“ во Судак. Во текот на сите овие години, програмски настани се одвиваа од Калининград до Владивосток. Учеството во „Нова генерација“ е вашата шанса да ја видите широчината и разновидноста на руските региони, уникатноста на руските градови со сопствените традиции и култура.
Како да станете учесник во програмата „Нова генерација“? Ако сакате да ја откриете Русија, да ги подобрите вашите професионални квалитети и да се сретнете со истомисленици - искористете ја приликата. За да учествувате во проектот, мора да имате од 25 до 35 години. Задолжително е да го пополните анкетниот прашалник за учество во програмата „Нова генерација“. Потоа, можете да се јавите во претставништвото на Россотрудничество во Скопје.
Претставниците на „Россотрудничество“ ќе ви даде совет за условите за учество во програмата „Нова генерација“, а во согласност со вашите професионален профил, ќе ве насочи кон она што најмногу ви одговара.
Покрај тоа, можете да ги следите нашите официјални страници на програмата „Нова генерација“ на социјалните мрежи Фејсбук или Инстаграм на англиски и руски јазик. Таму редовно се објавуваат соопштенија и настани. Колективот на „Нова генерација“ го очекува вашето пристигнување, затоа, се гледаме во Русија!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче