Лудата храброст на руските камионџии: По море како по суво (ВИДЕО)

На интернет кружи видеоснимка со возење на руски камиони од марката КамАЗ низ морска стихија. Брановите се удираат од карпите, но тоа не ги запира возачите на КамАЗ. Авторите на видеоснимката тврдат дека ова се случило неодамна на Сахалин, соопштува руската информативна агенција „Сахалин-Курили“.

Видеоснимката со храбриот но многу рискантен потфат се појави на 26 мај на сајтот за разонода „Пикабу“. На снимката се гледа како руски камион марка КамАЗ поминува низ море за време на плима и целосно исчезнува под вода.

Некое време се гледа само покривот на кабината, а потоа камионот излегува на суво, возачот ја отвора врата и го„истекува“ од кабината „вишокот“ морска вода. КамАЗ-от чади, но не запира.

„Ајде, напред... Човеку! И кабината се наполнила!“, восхитено коментираат сведоците на овој настан со сочни изрази кои не се јавност.

Корисниците на порталот „Пикабу“ реагираа на оваа снимка со коментари во кои се присетија на разните начини на превоз низ Сахалинската област.

„Во војска готвачката раскажуваше како живеела дали на Итуруп или на Кунашир, или на Шикотан. Главн, јас според нејзината приказна го замислив тој пат токму вака како на видеоснимката. Раскажуваше дека имало случаи за време на осеката борбено возило на пешадијата да не успее да помине низ водата и затоа таму дежурале тенкови (две парчиња) и ти ги извлекувале борните коли додека морето не ги однесе. Не гарантирам дека е вистина, не живеам во приморјето“, напиша еден коментатор.

Некои интернет-корисници со сарказам забележаа дека „веќе виделе нешто слично“ и ја споредија видеоснимката со компјутерска програма за симулација.

Некој се пошегува дека камионите тргнале по лососи за време на мрестот.

„На Курилите така возеа камиони УАЗ за време на осека. Тие го нарекуваа тоа „курилски асфалт“. Ако не се лажам, таму и сега така прават“, пишува друг коментатор.

Како што претходно соопшти информативната агенција „Сахалин-Курили“, кон средината на април преку месинџер била дистрибуирана видеоснимка на која се гледа како на брегот на Охотското море комбе и камион КамАЗ за време на плима заглавиле во песок. Министерството за вонредни состојби на Русија (МЧС) го одбило повикот да ги извлече овие возила.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња