Три прашања за блиската средба на воените бродови на РФ и САД во Тихиот океан

Global Look Press
Русија и САД разменуваат обвинувања за непрофесионално однесување и опасна пловидба откако два воени брода во последен момент избегнаа судар на отворено море.

Што се случи?    

Бродовите на Русија и на САД, големиот противбродски „Адмирал Виноградов“ и американскиот крстосувач „Чанселорсвил“, се приближија на само 30 метри во водите на Тихиот океан во петокот, 7 јуни.

Судар на овие две пловила би можел да заврши кобно за 600 луѓе, а и да не зборуваме за политичкото вжештување до кое би дошло на меѓународната политичка сцена.

Кој е виновен?

И Москва и Вашингтон тврдат дека до инцидентот дошло во нивните територијални води.

Руските морнари велат дека се работи за југоисточниот дел на Источното кинеско море, каде што паралелно се движеле бродовите на Тихоокеанската флота на Русија и група носачи на авиони на САД.

Американскиот крстосувач „Чанселорсвил“ ненадејно го промени курсот и му го пресече патот на разурнувачот „Адмирал Виноградов“, така што рускиот екипаж мораше итно да маневрира и да избегне судар.

Американските морнари го обвинуваат за сѐ, како што велат, непрофесионалниот руски екипаж и нивната опасна пловидба. Според нив, „Адмирал Виноградов“ впловил во туѓи води.

Официјалниот претставник на Седмата флота на САД Клејтон Дос изјави дека рускиот брод се приближил до „Чанселорсвил“ на 15-30 метри и за малку не се забил во него.

„Тоа е непочитување на сите правила на отворено море, како во времето на Студената војна, кога од чист мир се создаваа конфликтни ситуации“, вели капетан трета класа во резерва Дмитриј Литовкин.

Тешко е да се каже според оваа снимка кој е виновен а кој не, бидејќи ги гледаме само последните секунди од приближувањето на двата брода, додава Литовкин.

„Да го снимеа Русите тоа, би се рекло дека Американците се виновни. Но, снимката беше објавена на Си-Ен-Ен, значи, Русите се виновни. Меѓутоа, тоа се бродови на отворено море, а не автомобили кои имаат прецизно обележана лента за движење. Затоа е невозможно во оваа ситуација да се каже кој е виновен, а кој не е“, смета тој.

Какви бродови се тоа?

Секој од овие бродови е пловечка тврдина, вооружена до заби со најсовремени ракети.

Американскиот „Чанселорсвил“ (CG-62) има два лансера МК 41 за вертикално лансирање наведувани ракети, осум противбродски ракети „Харпун“, два 127 мм топа „Марк 45“ и два митралеза 25 мм МК 38, кои лесно можат да го продупчат оклопот на секој современ брод.

„Чанселорсвил“ исто така располага со торпеда и писта за два борбени хеликоптери.

Можеби рускиот „Адмирал Виноградов“ и не толку силно наоружан, но може да предизвика голема штета. Разурнувачот има до четири противподморнички ударни ракетни комплекси „Раструб“, два едноцевни автоматски топа АК-100. 

На палубата на бродот има два 45 мм полувтоматски универзални топа 21-К, четири 30 мм АК-630. „Адмирал Виноградов“ исто така е наоружан со торпеда и има хелиодром за два офанзивни хеликоптера. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња