Русин на три балалајки маестрално изведува хитови на Queen, Scorpions, Prodigy, Nirvana... (ВИДЕО)

Андрей Киряков/YouTube

Членовите на легендарната група „Квин“ високо оценија како рускиот свирач на балалајка од Перм Андреј Кирјаков ја изведе популарната песна The Show Must Go.

„Каква одлична изведба! Благодариме Андреј Кирјаков!“, стои на официјалниот инстаграм-профил на групата – officialqueenmusic.

А еве како звучи тоа:

Кирјаков објаснува дека неговите интерпретации на популарни песни ги испраќа на официјалните профили на музичките групи неговата сопруга.

„Среќен сум што моето творештво го оценија вистински музички легенди. Тоа е феноменално! Го обожувам творештвото на групата „Квин“ и ми беше големо задоволство да отсвирам еден од нивните најголеми хитови на наша руска балалајка. Дури на три балалајки! Затоа и го направив овој проект „три балалајки“, да покажам дека нашиот руски народен инструмент е способен за сѐ и дека можат да го засакаат во целиот свет. Ова е доказот“, вели Андреј Кирјаков.

А еве како на три балалајки звучи познатата песна на групата Scorpions - Still Loving You: 

Prodigy - Breathe:

Nirvana - Smells like teen spirit: 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња