Финскиот весник Ilta-Sanomat пишува дека на 9 јуни во Финскиот залив на граничарите им e соопштено дека се приближува неидентификувано пловило. Патролата низ маглата здогледала чуден објект кој го опишала како триглаво чудовиште, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
„Идентификацијата на бродовите кои се приближуваат на нашиот брег е обична работа, но овој пат имавме многу забавен случај“, изјави командантот на крајбрежната стража Јармо Хакинен.
Се покажа дека не станува збор за триглав змеј, туку за руска јахта која изгледа како стар руски брод, а која се упатила на фестивал во Осло.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче