Иако руската тенисерка Виталија Дјаченко загуби против Серена Вилијамс во мечот од првото коло на Отвореното првенство на Франција, таа со своите нестварно напумпани раце ги освои љубителите на спортот.
Во медиумите и на социјалните мрежи таа е наречена суперхероина од стриповите, а новинарите и корисниците на интернетот им оддадоа должно признание на нејзините масивни, како што ги нарекоа, раце „базуки“,.
Фотографиите со Виталија Дјаченко предизвикаа бура реакции.
„Виталија Дјаченко ме потсетува на Марија Шарапова во најдобрите години. Неверојатна сила и агресија“, пишува JB5acesports.
„Многу е тешко да се концентрирате на самиот тениски меч во кој игра Дјаченко“, додава mayuhayu9.
„Ветеранката на австралискиот тенис Саманта Стосур доби сериозна конкурентка во натпреварот за најголеми бицепси на турнирот, погледнете ги тие „базуки“ на Виталија Дјаченко“, пишува австралиското гласило Adelaide Now.
Дјаченко веќе со години има успешни настапи на најголемите тениски турнири. Минатата сезона во првото коло на Вимблдон таа ја елиминираше земјачката Марија Шарапова во меч кој траеше преку три часа. Дјаченко стигна до третото коло, во кое беше поразена од Елена Остапенко.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче