Во Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација на Фрунзенскиот кеј во Москва брендот облека во сопственост на рап-музичарот Тимати (Тимур Јунусов) Black Star Wear, во соработка со синџирот продавници „Армија на Русија“ (Военторг), ја претстави новата колекција облека под називот „Црна ѕвезда“.
„Со заеднички напори е создадена импресивна колекција која сакав да ви ја претставам. Ова е битна колекција која нашиот тим ја подготвуваше речиси шест месеци“, изјави раперот во обраќањето до присутните.
Тимур Јунусов
Андреј Никеричев/MoscowAgencyТимати му се заблагодари на Министерството за одбрана на РФ за оперативната реакција на неговиот предлог за соработка во работата над облеката. „Наидов на креативен, млад, одличен тим кој ми помогна да го реализирам заедничкиот проект“, рече музичарот.
Освен тоа, Тимати му подари на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу јакна од марката Black Star.
Претставниците на „Военторг“ открија што ги инспирирало креаторите на колекцијата. Како што наведоа тие, двете компании споделуваат заеднички вредности, непоколебливо лидерство, патриотизам, внимателен однос спрема деталите и апсолутна сигурност во секој нареден чекор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче