Првиот човек на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин објави видеоснимка на која се гледа како ракетата-носач „Сојуз 2.1б“, која утрово беше лансирана од космодромот „Плесецк“, ја удира гром непосредно по одвојувањето од лансирната рампа.
Поздравляем командование Космических войск, боевой расчёт космодрома Плесецк, коллективы РКЦ "Прогресс" (Самара), НПО имени С.А.Лавочкина (Химки) и ИСС имени академика М.Ф.Решетнёва (Железногорск) с успешным запуском КА ГЛОНАСС!
— Дмитрий Рогозин (@Rogozin) 27 May 2019
Молния вам не помеха pic.twitter.com/1cmlZ4hD1g
Успешното лансирање на ракетата Дмитриј Рогозин им го честиташе на „Твитер“ на сите кои беа вклучени во тој процес – командата на Космичките сили, екипажот на космодромот „Плесецк“, како и на конструкторите и производителот, констатирајќи дека „ни ударот на молња во ракетата не успеа да го спречи нејзиниот старт!“
Лансирањето на ракетата-носач со навигациски сателит „Глонасс М“ од „Плесецк“ е прво во 2019 година. Молњата удри во „носот“ и третиот степен на ракетата-носач. Инцидентот немаше никакво влијание врз работата на системите на ракетата. Сателитот „Глонасс М“ е успешно лансиран во орбитата.
„Целокупната апаратура на ракетата и покрај ударот на молња продолжи да функционира нормално. Сателитот е изведен на предвидената орбита во програмираното време“, му реферираше на Дмитриј Рогозин началникот на космодромот „Плесецк“ генерал-мајор Николај Нестерчук.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче