Во регуларното време мечот за третото место на светскиот шампионат во Братислава заврши со нерешен резултат 2:2. Во продолженијата не беше постигнат ниеден погодок, така што натпреварот беше решен со изведување пенали.
За Русија головите ги постигнаа Михаил Григоренко и Артјом Анисимов во регуларниот дел на мечот, а во изведувањето пенали успешни беа Иља Коваљчук и Никита Гусев.
За чешкатт репрезентација головите ги постигнаа Михал Ржепик и Доминик Кубалик.
Рускиот голман Андреј Васиљевски во текот на натпреварот одбрани 48 удари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче