Хабиб Нурмагомедов против Жорж Сент Пјер: нов меч на векот?

Jason Silva/ZUMAPRESS.com//Global Look Press

Љубителите на борбите без правила во иднина би можеле да уживаат во мечот помеѓу Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов и Канаѓанецот Жорж Сент Пјер, пренесува ТМЗ Спортс, повикувајќи се на Али Абделазиз, менаџер на рускиот спортист.

Хабиб пред неколку месеци го предизвика Жорж на борба, иако Канаѓанецот реши да ја заврши својата кариера. Во овој момент се разгледуваат можностите за оваа борба и веќе се зборува за нов меч на векот.

Менаџерот на Хабиб откри план според кој Нурмагомедов ќе се бори против тројца момци, од кои последниот би можел да биде Сент Пјер.

„Ми даде прецизни упатства. Сака да се бори на седми септември и повторно во декември. А, ако Сент Пјер се договори со УФЦ, тогаш и ние лесно ќе се договориме за таа борба“, рече Абделазиз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња