Погледнете го урнебесниот обид за апсење на локален криминалец во Русија (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Од видеоматеријалот се гледа организацијата на полициската заседа, како и обидот за апсење на лице кое е повеќе денови следено. Во акцијата учествуваше група за апсење составена од неколку припадници на спецназот во состав на Росгвардија (МВР).

Во моментот кога возилото марка „Мерцедес“ се обиде да ја напушти локацијата каде што беше паркирано, групата за апсење се обиде да изведе препад на возачот. Меѓутоа, притоа работите тргнаа во погрешен правец, пренесува интернет-порталот marsonilne.

Целосната некоординираност на тимот за апсење и поледица на патот (со претераната грижа за полициското возило од страна на возачот) доведоа до комплетен дебакл на оваа акција, која на моменти изгледаше комично.

Погледнете го во продолжението на текстот видеоматеријалот од обидот за апсење кој настана благодарение на мрежата од видеокамери кои во Санкт Петербург ги има во незамислив број.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња