Група руски инспектори во периодот од 12-20 мај оваа година ќе изведе набљудувачки лет над територијата на САД. Ова го соопшти рускиот интернет-портал „Краснаја ѕвезда“, пренесува ТАСС.
„Во рамките на реализацијата на меѓународниот Договор за отворено небо, група инспектори планира да изведе набљудувачки лет со руски авион Ту-154МЛК-1, кој ќе се реализира над територијата на САД“, пренесува изданието. Летот во должина од околу 4800 км ќе биде извршен од аеродромот Роузкранс во сојузната држава Мисури.
Според информациите кои ги пренесе порталот, во рускиот авион ќе се наоѓаат и американски специјалисти, кои ќе обезбедат контрола над операцијата за примена на техниката за надгледување, како и почитување на одредбите кои се вклучени во Договорот за отворено небо.
Покрај тоа, Русија во периодот од 13-17 мај ќе реализира набљудувачки авион над територијата на Босна и Херцеговина. Во него ќе учествува авион Ан-30Б. Максималната должина на летот ќе изнесува 720 км.
Договорот за отворено небо е мултилатерален меѓународен документ, потпишан на 24 март 1992 година во Хелсинки. Целта на договорот е промовирање на градењето доверба меѓу државите преку подобрување на контролните механизми за воени активности и почитување на постојните договори за контрола на вооружувањето. Во моментов потписнички на овој договор се 34 земји-членки на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче