Претседателот на Австрија откри дека дедо му 1917. година бил комесар на Псковската губернија

EIBNER/EXPA/Michael Gruber/Global Look Press

Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен во пресрет на првиот руско-австриски форум „Дијалог во Сочи“ раскажа дека неговите предци два века живееле во Русија. 

Предците на австрискиот претседател по таткова линија во Русија дошле од Холандија кон крајот на 17. век, и од 18. век живееле во Псковската губернија. Самиот Александер ван дер Белен е од благородно потекло, а неговиот дедо бил комесар на Псковската губернија додека постоела Привременат влада 1917. година, за потоа да побегне од болшевиците првин во Естонија, а потоа преку Германија до Виена.

„Дедо ми беше комесар во Псков. Малку подоцна дознав дека татко ми сакал да остане во Русија. Моите предци живееле во Русија од времето на Петар Први (или веднаш по неговото владеење), на почетокот на 18. век. Тоа е историјата на нашето семејство“.

Куќата во која живееле дедо му и баба му во Псков, според зборовите на австрискиот претседател, била урната во текот на револуцијата или подоцна. Белен сепак изрази желба при неговата следна посета на Русија да дојде и во Псков, кој никогаш го нема видено.

„Би сакал да дојдам во Русија поради мноштво причини: не само поради историјата на моето семејство, туку и поради книжевноста на 19. век. Тешко е да се каже каква би била западноевропската книжевност без руската на 19. век. Русија е дел од Европа“, истакна Александер ван дер Белен.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња