Двајцa жители на Камчатскиот крај успеале да стигнат до брегот со помош на лопата наместо весло откако чамецот им се превртел во Тихиот океан, соопштува прес-службата на регионалното одделение на Министерството за вонредни состојби (МЧС) на Русија.
Според информациите на МЧС, тројца мажи испловиле со гумен моторен чамец од Петропавловск-Камчатски во правец на Уст Камчатски, но на околу 150 км од брегот на полуостровот ги зафатило невреме и чамецот се превртел.
Двајца успеале да се вратат во чамецот за потоа шест дена да веслаат кон брегот само со една лопата. Спасувачкиот одред прочешлал околу 50 км брег додека не ги пронашол бродоломците. Третиот маж, за жал, исчезнал без трага.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче