Песков откри што ќе прави Путин за Денот на Победата

Global Look Press

Деветти мај е традиционално свечено-работен ден за претседателот, иако се предвидени и работни активности. Во петок, десетти мај, можни се некои спортски настани, изјави Дмитриј Песков, портпарол на шефот на руската држава.

Како што нагласи тој, рускиот претседател наредната недела го очекува премногу густ распоред, како според содржината, така и според местото на одржување на настаните.

За десетти мај е планиран гала-меч на Ноќната хокеарска лига во чии натпревари Путин учествуваше претходно. Како што е познато, шефот на руската држава на 14 мај би можел да се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според истражување на јавното мислење што го спроведе ВЦИОМ речиси половина Руси планираат да се вклучат во претстојните свечености по повод Денот на Победата. Една петтина од анкетираните граѓани планира да им го честита празникот на ветераните, 19 отсто да гледа огномет, додека 18%  ќе отидат на деветти мај некаде на гости. На телевизиската програма предност ќе ѝ дадат 20 отсто, во природа ќе одмараат 17%, а кон викендичките ќе се упатат 16%.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња