Тридневна жалост поради трагедијата во Шереметјево: преживеаја само 37 од 78 патници

Xinhua/Global Look Press
Според најновите информации кои ги потврдуваат руските власти, најмалку 41 лице го загуби животот кога рускиот авион „Сухој Суперџет 100“ на летот од Москва до Мурманск принудно слета набрзо по полетувањето.

73 патници и пет члена на екипажот се наоѓаа во авионот кој во неделата попладне принудно слета на московскиот аеродром Шереметјево, изјави портпаролот на Истражниот комитет на РФ Елена Марковска, потврдувајќи дека 41 лице загинало.

Најмалку шест од 37 луѓе, колку што се спасени, итно се префрлени во болница. Тројца се наоѓаат на интензивна нега поради здобиени изгореници и повреди на органите за дишење предизвикани од чадот, се наведува во соопштението на руската министерка за здравство Вероника Скворцова.

Авионот на „Аерофлот” SU 1492 кој леташе од Москва до рускиот северен град Мурманск мораше да се врати на аеродромот Шереметјево откако помалку од половина час по полетувањето е пријавена тревога.

Снимите од безбедносните камери кои протекоа во јавноста прикажуваат како „Сухој Суперџет 100“ се обидува да слета. Се гледа како авионот отскокнува од пистата, а потоа се удира од неа со полна сила, додека моторите експлодираат.

За неколку моменти огнот во целост ја зафати опашката на леталото. Во авионот се наоѓаа 78 лица, вклучувајќи 73 патници и петмина членови на екипажот. Истражителите соопштуваат дека само 37 лица преживеаja.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња