Руската федерална агенција „Россотрудничество“ ја започна програмата „Нова генерација” ("New Generation") во 2011 година. Мисијата на проектот е да им се даде можност на млади експерти од 25 до 35-годишна возраст не само да престојуваат во Русија, туку да сфатат како работат руските државни структури, водечките државни и приватни компании и некомерцијалните организации. Целта на „Нова генерација“ е да им овозможи на младите од странство да се запознаат со Русија, да воспостават контакти со своите врсници – млади професионалци, како и да формираат за себе објективна претстава за Русија и да се запознаат со нејзините достигнувања во сферите кои ги интересираат младите лидери.
Токму затоа партнери на програмата не се само владини институции - како што се Државната Дума на Руската Федерација или Министерството за надворешни работи на РФ, туку и водечки информативни агенции, научни, образовни и културни центри, спортски и креативни организации. Форматот на настаните е дизајниран на таков начин што сите гости на програмата би можеле да се запознаат со руски експерти и млади лидери, да разменуваат контакти и да се договорат за можна соработка. Тркалезните маси и работилниците кои ги организираат партнерите на „Нова генерација“ не само што помагаат да се воспостават врски, туку и поттикнуваат создавање нови заеднички проекти.
За 8 години поминати од почетокот на Програмата, повеќе од 6000 луѓе од 130 земји беа гости на „Нова генерација“. Секоја година, во рамките на активностите на програмата „Нова генерација“ се присутни сите сфери на професионалната дејност кои се од интерес на младите гости.
Програмата „Нова генерација-2019“ започна со Форумот на млади лидери Русија-Турција, богат настан фокусиран на млади политичари, новинари и експерти. Делегатите на форумот беа во можност да посетат и да се запознаат со активностите на разни институции - од Државната Дума до корпорацијата „Јандекс“.
Во мај млади новинари - гости на програмата ги очекува школата SputnikPro, а богатиот со настани јуни ќе ги собере учесниците на програмата и на Крим, на Форумот „Ливадија“ и во Санкт Петербург, на една од секциите на таков грандиозен настан како што е Петербуршкиот Меѓународен економски форум и во Ставропол, на „Студентската пролет на земјите од БРИКС и ШОС“. Покрај тоа, веќе во јули, во рамките на програмата „Нова генерација“ се планира Предавална на Russia Beyond. Информации за претстојните настани можете да најдете на нашиот сајт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче