51% од руските граѓани смета дека Русија треба да помогне во обновата на Нотр Дам

Reuters

Половина од руските граѓани (51%) смета дека Русија треба да ѝ помогне на Франција во обновата на Богородичната црква во Париз по пожарот, покажуваат резултатите од анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Повеќе од половина од испитаниците (51%) смета дека Русија треба да ѝ помогне на Франција во обновата на црквата. Спротивно мислење имаат 44% од испитаниците, додека 5% се неопределени, пренесуваат медиумите.

Се наведува исто така дека испитаниците постари од 60 години почесто се изјаснуваат за давање помош (63%), додека таков одговор поретко даваат испитаниците на возраст од 25 до 45 години (41%).

Против учество на Русија во обновата на париската црква почесто се изјаснуваат испитаниците на возраст од 25-34 години (56%), а поретко руските граѓани постари од 60 години (31%).

Исто така наведува дека поголем дел од руските граѓани (92%) знае за пожарот во црквата во Богородичната црква, додека 8% од испитаниците не ни слушнале за тоа.

Според мислењето на 56% од граѓаните, причина за инцидентот е несреќен случај, а 26% сметаат дека се работи за намерно подметнување пожар.

Верзијата за несреќен случај почесто ја поддржуваат луѓето постари од 60 години (58%) и од 45 до 59 години (57%), додека овој одговор поретко го даваат испитаниците на возраст од 18 до 24 години (52%).

Прочитајте повеќе: Путин: Снимките со Нотр Дам во пламен сите граѓани на Русија ги гледаа со солзи во очите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња