Зборувајќи за загинатите советски војници Захарова не можеше да ги контролира емоциите (Видео)

На денешната конференција за новинарите портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова потсети дека денеска, 18 април, се одбележува Меѓународниот ден на спомениците и историските места и дека, за жал, можеме да констатираме дека односот на некои европски држави спрема спомениците на паднатите советски војници не е секогаш цивилизиран, наведувајќи го примерот на Полска, каде неодамна, по кој знае кој пат беше осквернавен еден таков споменик.

Но, постојат и позитивни примери, додаде таа, наведувајќи го меморијалот во центарот на Виена.

„Таму е поставен споменик во чест на 17... кога ги изговарам овие бројки, ми застанува грутка во грлото... во спомен на 17 илјади советски војници кои загинаа во текот на ослободувањето на Виена 1945 година. Замислете си само – 17 илјади луѓе! Тој споменик повеќе пати го сквернавеа вандали, неофашисти и секој пат амбасадата на Русија во Виена упатуваше протесна нота до властите на Австрија. На крај австриските власти сепак поставија камери кои 24 часа го снимаат споменикот“.

Погледнете го моментот кога Захарова почнува да зборува за загинатите црвеноармејци (27 минута):

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња