Путин насмеа жени кои посакаа да се фотографираат со него (ВИДЕО)

kremlin.ru

Претседателот на Русија Владимир Путин насмеа жени кои посакаа да се фотографираат со него.

Посетителите на програмата за развој на управни кадри кои ја завршија обуката го замолија рускиот претседател за заедничка фотографија, пренесуваат медиумите.

„А може ли и една со девојките?”, замоли една дама, мислејќи на заедничка фотографија на рускиот лидер со женскиот дел од посетителите.

„И јас би го сакал тоа“, се пошегува Путин, предизвикувајќи смеа кај присутните. 

Програмата за развој на управни кадри има за цел да обучи стручњаци за државна служба на регионално и федерално ниво. Меѓу 76 лица кои ја поминаа обуката се наоѓаат и чиновници, топ-менаџери на државни и приватни компании, како и раководители на руските региони.

Путин се состана со 24 финалисти на конкурсот за управни кадри „Лидери на Русија”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња