Условите кои треба да ги исполни космонаутот се строги. Морате да бидете школуван пилот, инженер или научник, морате да ги задоволите ригорозните психолошки критериуми и да имате одлично здравје. Исто така, значајни се и висината, тежината, ширината на колковите и градниот кош, бидејќи космонаутот мора да се смести во тесно одело и мало вселенско летало. Ова се некои од основните физички критериуми:
Во текот на процесот на селекција во првиот круг се издвоени 420 кандидати од кои на крајот се избрани само осум. Новиот филм на телевизијата RT Documentary го прикажува патот на тројца кандидати, бележејќи ги нивните напори и искушенија во текот на речиси две години.
Борисов едвај чекал да почне новата кампања за регрутирање космонаути, затоа што од детство сонува да полета во вселената. Тој има способност да го задржи здивот 5 минути и 13 секунди. Во текот на таквите тренинзи се чувствува како да лебдее во простор без гравитација.
Со оглед дека бил вработен како деловен консултант, Константин знаел дека има мали шанси да стане космонаут. Меѓутоа, кога имал 30 години, се запишал во воздухопловен институт каде студирал пет години.
Камерата бележи како Константин на работа ја потпишува пријавата за космонаут, а сите негови колеги му посакуваат среќа, лесно полетување и меко слетување.
Зеленкова е професионална спортистка. Се занимава со нордиско скијање, алпинизам (го освоила дури и Монт Еверест), стрелаштво и нуркање во здив.
Дипломирала на Медицински факултет, а е вработена во иновацискиот центар на Олимпискиот комитет.
„Моја најголема страст е проучување на луѓето во неприродни услови”, вели таа. „Навистина би сакала да ги продолжам своите истражувања во вселената“.
Таа не ни знаела дека е можно обична персона да се пријави за космонаут.
Иако Андреј отсекогаш сакал да биде пилот или космонаут, станал воздухопловен инженер.
Кога почнала новата кампања за регрутирање космонаути, Андреј сфатил дека ги задоволува сите критериуми и се пријавил.
Сите кандидати поминале бројни медицински и физички тестови и ја собрале потребната документација.
„Овој веќе испадна, не успеа да го направи последниот потребен згиб“, вели човекот кој ги прима пријавите и кандидатите стануваат уште понервозни.
За да ја постигнат својата цел, тие интензивно тренираат и минуваат голем број различни активности и дисциплини: од премин на Гибралтарскиот теснец до вежбање математика и физика.
Што мислат нивните родители за тоа; како изгледа да се испадне од конкуренција во последната фаза; како да се одговорат 400 прашања на испит; и како да се остане присебен и да се продолжи понатаму…?
Можете да ги следите кандидатите на патот од пријавувањето низ сите фази на селекција и тренинг во дивината, па сѐ до лансирањето на ракетата. Кому ќе му се остварат соништата? Дознајте во новиот документарен филм на телевизијата RT „Да се биде космонаут”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче