Во текот на средбата со вработените во претпријатието за производство на мотори „Енергомаш” Владимир Путин изјави дека потребата од професионалци во војската е сѐ поголема, додека задолжителното служење воен рок станува работа на минатото.
„Создавањето професионална армија е правецот во кој се движиме. Воената техника станува сѐ посложена и со неа можат да управуваат само професионалци. Задолжителното служење воен рок станува работа на минатото. Вистина, за да го постигнеме тоа ни треба време и финансиски средства“, рече Путин.
Во јуни 2018 година Министерството за одбрана на РФ соопшти дека веќе постојат планови со студентите кои ги сочинуваат таканаречените „научни чети“ да се потпишуваат договори како со професионални војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче