Хабиб Нурмагомедов стравува за животот на Роналдо во Дагестан

Global Look Press
Би сакал да го види Португалецот во Дагестан, но „не сака да носи одговорност за неговиот живот“.

Рускиот мајстор во мешовити боречки вештини, шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов откри дека меѓу многуте луѓе од светот на спортот со кои е во пријателски односи е и фудбалерот Кристијано Роналдо.

„Има многу такви луѓе. Со Кристијано Роналдо се допишуваме и комуницираме по секој негов натпревар“, рече Нурмагомедов, а пренесува „Матч ТВ“.

Како што наведува тој, засега не размислува да го повика Роналдо да дојде во Дагестан.

„Не знам, не ми паднало такво нешто на ум. Би морал да изнајмам обезбедување. Не знам дали би можел да носам одговорност за неговиот живот (се смее). Кај нас секако е безбедно, и не е онака како што се претставува во медиумите“, вели борачот.

„Во секој случај, тој е најпознат спортист на светот. Не би сакал да бидам одговорен за неговиот живот. Ете така, нека дојде кога било. Би ми било мило да се видиме“, рече тој.

Повеќекратниот добитник на Златната топка Роналдо моментално игра во италијанскиот Јувентус, каде премина од шпанскиот клуб Реал минатата година.

Нурмагомедов рече дека се запознал со Роналдо преку Инстаграм. Во февруари минатата година спортистите се видоа и си разменија подароци. Хабиб на фудбалерот му подари папаха, а од него доби маица со потпис. Нурмагомедов најави дека ќе го покани италијанскиот напаѓач да му биде секундант на еден од следните мечеви.

Нурмагомедов откри уште еден детаљ, а тоа е со кого би сакал да се бори по завршувањето на кариерата во УФЦ. Тоа би било, како што рече, единствено 42-годишниот Флојд Мејвезер и бокс за паметење. Така што и „по сто години би се раскажувало како непоразениот УФЦ шампион Нурмагомедов со 27 победи го поразил првакот во бокс кој зад себе има 50 добиени меча и ниту еден изгубен“. Само што тоа не би било годинава зашто има намера да ја помине во УФЦ шампионатот.

Претходно се пишуваше дека Нурмагомедов, кој моментално се наоѓа под суспензија поради инцидентот до кој дојде по борбата против Ирецот Конор Мекрегор, следниот меч во УФЦ шампионатот ќе го има на седми септември.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња