Уљјановската фабрика за автомобили (дел од концернот Солерс) во 2020 година ќе исфрли автомобил на нова платформа од класата Toyota Land Cruiser Prado, изјави генералниот директор и мнозински сопственик на концернот „Солерс“ Вадим Швецов. Новиот модел под назив „Руски Прадо“ ќе чини 1.5 милиони рубли.
„Ќе имаме една иста платформа која ќе се користи за неколку каросерии. Тоа ќе биде каросерија за теренско возило, за пикап, за комби и за возило за испорака врз основа на исто решение“, рече Швецов во понеделникот, 1 април, а неговата изјава ја пренесува РИА Новости.
УАЗ моторите за новата линија автомобили ќе ги прави заедно со германската компанија „ФЕВ“. Според Швецов, во Заволшката фабрика за автомобили веќе се подготвува погон за производство.
„Тоа ќе бидат мотори со четири цилиндари кои користат и бензин и гас. Ќе направиме поевтина варијанта на атмосферски мотор, главно за комерцијални возила, и поскапа со турбомотор за поинтензивно возење“, рече Швецов, додавајќи дека компанијата во овој проект вложува сопствени средства.
За компанијата УАЗ најважно е да се направи автомобил „Руски Прадо“ по „руска цена“ со висок квалитет.
Во февруари УАЗ го пушти во продажба во Русија обновениот „УАЗ Пикап“ со проширени можности во две варијанти – со минимален и со среден комплет опрема. Моделот со минимална опрема чини 733.000 рубли, земајќи ги предвид и сите специјални понуди.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче