Петте најубави руски глумици на Инстаграм

Светлана Ходченкова

Светлана Ходченкова

Екатерина Чеснокова/Sputnik
Овие филмски ѕвезди со својот пример покажуваат како да се прифатите себеси надвор од екранот, колку е важно да се излезе од улогата или, напротив, како улогата може да стане неисцрпен извор на инспирација.

Светлана Устинова

Устинова случајно се најде на филмското платно. Во 2005 година студирала на Финансиската академија во Москва. Во метро ѝ пришле со предлог да се појави во спот на една руска хип-хоп група. Потоа глумеше во спот на познатиот руски рапер Децел, а потоа премина на филм.

View this post on Instagram

HB @fominamarus Photo @timofeykolesnikov

A post shared by Sveta Ustinova (@svetaustinova) on

Денес има 36 години и, освен филмската кариера, се има пробано и како продуцент (копродуцент на филмот „Ученик“ на Кирил Серебреников, премиерно прикажан во Кан) и како театарска глумица. Нејзиниот Инстаграм-профил е преполн со гламурозни фотографии, фотографии од снимања и од патувања.

„Често ми пишуваат дека сум пример за тоа како девојка од мал град може самостојно да постигне успех“, вели Устинова, која е родум од Северодвинск (околу 1.300 километри северно од Москва).

View this post on Instagram

☀️

A post shared by Sveta Ustinova (@svetaustinova) on

Освен тоа, таа својот живот не може да го замисли без џивамукти-јога, медитација, има пробано и вегетаријанство, но се откажала, откако сфатила дека „најдобар начин на исхрана е да се слуша сопственото тело“.

Ана Чиповскаја

Уште една глумица чиј Инстаграм-профил личи на модно списание. Заедно со Светлана Устинова има играно во криминалистичката комедија „Блокбастер“.

Чиповскаја претходно има стекнато популарност ширум Русија во серијата „Загревање“ од времето на власта на Никита Хрушчов во СССР.

Освен што глуми на филмот и во театар, 31-годиншната Ана добро пее, сака да ги посетува московските клубови и да ужива во животот: „Јас сум целосен хедонист. Многу работам, читам, гледам филмови, зошто малку да не се забавувам?“

Но, нејзините излегувања не се толку застапени на Инстаграм. Напротив, може да се видат едноставни и природни фотографии на тема мали животни радости и уживање во обичните секојдневни нешта.

Ирина Горбачова

30-годишната Горбачова стана едно од најпопуларните лица на рускиот филм откако играше во филмот „Аритмија“ на Борис Хлебников. Претходно ја познаваше и ја обожаваше само Инстаграм-публиката поради смешните и храбри видеоскечеви.

Горбачова е подготвена максимално да ги исмева и да ги критикува гламурозните слики на девојките со вештачки трепки и со усни надувани со ботокс, а на својот Инстаграм-профил објавува фотографии без шминка и сака да експериментира со сликите.

Во 2016 година ја освои наградата „Жена на годината“ што ја доделува GQ-Русија; во 2018 ги доби најголемите руски филмски награди „Златен орел“ и „Ника“ за најдобра женска улога и така ја потврди тезата за тоа дека добар комичар може да биде исклучително добар трагичар. „Она со што се занимавам јас е малку кловновски жанр. А, кловнот е секогаш трагикомичен уметник“, рече таа за списанието GQ.

Светлана Ходченкова

36-годишната глумица зад себе има 16-годишна кариера на филм и над 60 одиграни улоги. Од самиот почеток ја освои руската кинематографија, а подоцна го провлече вниманието и на холивудските режисери.

Една од нејзините највпечатливи улоги е онаа на Отровницата во „Вулверин“ со Хју Џекман. Денес е веројатно една од најбараните руски глумици меѓу странските режисери. Игра во италијански, англиски и руско-американски филмови.

Интересно е да се следат нејзините трансформации на платното и на театар, а таа сето тоа го покажува на својот профил на Инстаграм. Но, во приватниот живот е сосема поинаку: не сака забави, го цени пријателството и „обичните радости“ (малку повеќе да спие за време на викенд, да оди со пријателите во природа, да игра бадминтон). Нејзиниот профил е многу приземен, без претеран гламур и патетика на голема ѕвезда.

Рената Литвинова


Најголемата дива на руската кинематографија, 52-годишната Рената Литвинова, беше и остана симбол на женственоста и грациозноста, што може да се види на нејзиниот профил на Инстаграм. Таа отсекогаш изгледала како да излегла од некој стар црно-бел филм.

View this post on Instagram

Кино #северныйветер

A post shared by Renata (@renatalitvinovaofficiall) on

„Од светот можете да се браните со улоги“ изјави Литвинова. „Јас дури мислам дека тоа ми е неопходно, инаку ќе бидам уништена ако се покажам каква што сум“.

А, улоги имала доста. Поради нив ја засакаа и брендовите чие заштитно лице стана. Во 2018 година „Кристијан Диор“ со Рената потпиша договор за креирање нејзин сопствен парфем.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња