Рускиот претседател во една изјава рече дека Соединетите Американски Држави се единствената останата светска суперсила. „Америка е голема држава. Денес тоа е веројатно единствената супердржава. И ние тоа го прифаќаме“, рече Путин во 2016 година на Санктпетербуршкиот економски форум.
Некои лидери и политиколози, сепак, сè уште понекогаш ја нарекуваат Русија суперсила: на пример, австрискиот канцелар Себастијан Курц во јули 2018 година го нарече самитот на Путин и Трамп добар знак за „соработка на двете суперсили“. Кој тогаш има право, Путин или Курц?
Советот за безбедност на ООН
Getty ImagesДефинициите се разликуваат, но поголемиот дел политиколози се сложуваат во тоа дека една суперсила мора да има силно воено, економско, финансиско, културно и идеолошко влијание, и не само врз најблиските соседи, ами врз целиот свет.
„Збигњев Бжежински веруваше дека постојат четири неопходни фактори за државата да биде суперсила: воен, економски, научно-технолошки и културен“, пишува Олег Матвејчев, политиколог на Високата школа за економија во Москва. Ова има смисла зашто за да влијае врз светот (а, тоа е она што го прават суперсилите), државата мора да поседува најмодерно оружје и да има силна економија, но истовремено и да го зачуди светот со своите културни и научни успеси.
Дали Русија ги исполнува овие критериуми? Во некои области Москва дефинитивно е суперсила. Русија, на пример, може да смета на огромни воени капацитети (одбранбениот буџет од 47 милијарди американски долари, нуклеарниот арсенал и позицијата на втора најсилна вооружена сила на светот).
Политички гледано, улогата на Русија на меѓународната сцена е исто така импресивна: како постојана членка на Советот за безбедност на ОН Русија има право на вето. Освен тоа, Русија игра важна улога во европската политика и, благодарение на својата активна положба во сирискиот конфликт, исто така има големо значење на Блискиот Исток. Но, економскиот потенцијал на Русија не е толку голем како што е потенцијалот на Соединетите Американски Држави. Русија по БДП се наоѓа на 11 место на светот, па може да се каже дека економски гледано дефинитивно не станува збор за суперсила.
Споменатата состојба на нештата ја ограничуваат Русија во глобалната политика. „Постои само еден параметар кој докажува дека Русија е глобална сила: одбранбените ресурси. Во другите подрачја не сме толку силни колку што би сакале, а се појавува и прашањето која ќе биде улогата на нашата земја во 21 век“, вели за „Комерсант“ Александар Динкин, претседател на Институтот за светска економија и меѓународни односи.
Секако, не било така отсекогаш. Во втората половина на 20 век СССР беше силен конкурент на Соединетите Американски Држави на сите подрачја, од воените до политичките прашања, од економијата до културата.
Ричард Никсон и Леонид Брежнев
Getty Images„По двете разорни светски војни, глобалната заедница се најде во, историски гледано, стабилна и мошне абнормална состојба. Двете држави доминираа со светот“, вели во интервју Фјодор Лукјанов, главен уредник на списанието „Русија во глобалната политика“. Овој биполарен поредок прерасна во Студена војна.
„Тогаш настана терминот 'суперсила', со цел САД и СССР да се разликуваат од таканаречените 'велесили' од 19 век“, додава Лукјанов. Тоа беа Велика Британија, Франција, Германија, Русија... Но, во втората половина на 20 век постоеја само две суперсили. Студената војна заврши со распадот на СССР, и иако Русија наследи најголем дел од неговиот имот (нуклеарниот статус и местото во СБ на ОН), „нејзиното влијание повеќе не беше толку посебно“, вели експертот.
Се чини дека Владимир Путин сепак има право: иако Русија е еден од главните играчи на меѓународната сцена, таа не е суперсила како САД. Дали Америка ќе остане најмоќната земја на светот или ќе ја изгуби својата круна, како што се случи со СССР? Тоа само времето ќе го покаже.
Оваа статија е дел од серијата текстови „Зошто Русија..?“ во рамките на која одговараме на популарните прашања за Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче