Претседателот на Русија Владимир Путин го повози киргискиот колега Сооронбај Жеенбеков во руската лимузина „Аурус“.
Ова во четвртокот, 28 март, на својот Telegram-канал го објави новинарот Дмитриј Смирнов. „Двајцата претседатели се возат по Бишкек во руската лимузина со две знамиња: руското и киргиското“, пишува новинарот.
Путин прокатил Жээнбекова на «Аурусе»: Два президента передвигаются по Бишкеку на российском лимузине сразу с двумя штандартами - России и Киргизии pic.twitter.com/X0Zwm4m3n3
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) 28 March 2019
Семејството автомобили од делукс-класата Aurus е проектирано од Научниот автомото институт НАМИ. Брендот засега ги опфаќа лимузината „Сенат-лимузина”, седанот „Сенат” и минивенот „Арсенал”. Владимир Путин во новото возило пристигна на инаугурацијата на 7 мај 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче