Русија вброена меѓу дваесетте земји со најчист воздух на светот

Камчатка

Камчатка

Сергеј Фомин/Global Look Press

Со концентрација на ситни честички од 11,4 микрограми на кубен метар, Русија се наоѓа на 16 место меѓу земјите со најчист воздух, покажува неодамнешното истражување на „Ер Вижуал“, спроведено во соработка со „Гринпис“.

Според бројни научни истражувања кои се спроведуваат во целиот свет, на врвот на листата од 73 анализирани земји се најдоа Исланд (5 μг/м³), Финска (6,6), Австралија (6,8), Естонија (7,2) и Шведска (7,4).

Бангладеш (97,1), Пакистан (74,3), Индија (72,5), Авганистан (61,8) и Бахреин (59,8) се земјите кои добија најлоши резултати на ова подрачје.

Што се однесува до главните градови, Русија исто така се наоѓа на врвот на листата - Москва е на 10 место (10,1 μг/м³) од 62 испитани градови. Најдобри резултати остварија Велингтон (Нов Зеланд, 6 μг/м³), Отава (Канада, 6 μг/м³) и Стокхолм (Шведска, 6,6 μг/м³), а најлоши Делхи (Индија, 113,5 μг/м³), Дака (Бангладеш, 97,1 μг/м³) и Кабул (Авганистан, 61,8 μг/м³).

Ако сакате да дознаете како стојат работите со загадувањето на воздухот во вашиот регион, проверете ја интерактивната карта AirVisual.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња