Постои план во Владивосток да се подигне огромна статуа на Исус Христос. Оваа идеја ја изнесе духовно-православниот центар „Вјатски посад”, а преговорите за проектот во моментот се водат на ниво на губернатор.
Статуата на Исус висока 68 метри би требало да биде поставена на Крестовиот брег, една од височинките во Владивосток. Токму на тоа место во советско време требало да биде поставена џиновска статуа на Ленин.
Според новата замисла, Исус висок како 21-катница би требало да гледа во морето и симболично да ги благословува бродовите во пристаништето.
„Споменикот висок 68 метри ќе биде духовен симбол на обединувањето на рускиот народ. Статуата на Исус Христос ќе ги благослови сите бродови кои доаѓаат или заминуваат од пристаништето“, се наведува на сајтот на „Вјатски посад“.
Планирано е исто така покрај статуата да биде подигнат храм посветен на Сергеј Радонешки, кој ќе може да прими до 100 верници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче