Василиј Камоцки (десно)
Дмитриј Котов / Siberian Power ShowСе вика Василиј Камоцки, работи како земјоделец, има 28 години и 168 кг! Плесна десетина шамари и се прослави ширум Русија. А сѐ се случи сосем случајно. Васја тргна на овој натпревар само за да земе автограм од својот омилен пауерлифтер Кирил Саричев и заврши како победник во две натпреварувања.
Што се однесува до натпреварот во брзо јадење пељмени (руски равиоли), треба да се знае дека прекарот на Васја е Пељмен. Инаку, за победата во овие две натпреварувања тој зеде парична награда од 30000 рубли (малку повеќе од 400 евра).
Фармерот Васја се стекна со сенародна слава и доби повик да учествува на Серуското натпреварување во шамарање во мај оваа година.
Погледнете ги сите нокаути од Краснојарск:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче