Камерите за видеонадзор во Калининград забележаа инцидент кој изгледа како во него да вмешале прсти лоши сили: едно уредно паркирано комбе само од себе го запали моторот и тргна кон другата страна на паркингот.
Инцидентот почна со појава на искри под плаво комбе марка „Мерцедес Спринтер“. Корисниците на „Твитер“ претпоставуваат дека возилото било „запоседнато од ѓаволот“ и дека за спас „била потребна света водичка”.
Други остроумен корисник на „Твитер“ смета дека комбето само се стартувало затоа што „зад него се наоѓаше премин во друга димензија“.
Комбето на крај се запали и изгоре, загрозувајќи ги станарите на најблиската зграда. Напомош беа повикани пожарникарите.
Некои твитераши затоа изнесова верзија дека се работи за планиран напад и дека почнал „бунтот на машините“ кој го најавија филмовите за Терминатор.
„Никаквеци покриени со кожа, нема да се скриете од нас во своите бетонски пештери“, тоа, наводно, го помислило комбето во самоубиствениот напад.
Други се сетија на ривалството меѓу Автобот и Десептикон и во оваа снимка препознаа алузија на Трансформерите.
Сепак, имаше и такви кои се обидоа да дадат рационално објаснување за необичниот настан. Повеќето од нив се согласуваат дека се работи за краток спој во електричната инсталација на анласерот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче