Министерството за одбрана на РФ објави снимка од летот на Шојгу над Сирија

Скриншот
Министерот за одбрана на РФ реализираше лет над Сирија за време на службеното патување.

Министерот за одбрана на РФ генерал Сергеј Шојгу реализираше лет над Сирија во текот на службеното патување во Дамаск. Министерството за одбрана на РФ објави видеоснимка.

На снимката поставена на „Фејсбук“-страницата на рускиот воен ресор се гледа како авиони Су-35С го следат авионот на министерот. Во описот се истакнува дека авионите полетале од воздухопловната база Хмејмим.

Во рамките на посетата на Сириската Арапска Република Шојгу водеше преговори со претседателот Башар Асад и му пренесе порака од рускиот претседател Владимир Путин. На средбата стана збор за борбата против тероризмот во Сирија, за безбедноста на Блискиот Исток, регулирањето на заедничкиот живот по конфликтот, проблемот со емигрантите и доставувањето на хуманитарната помош, пренесува ТАСС.

.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња